Роналдо бара 75 милиони евра годишно за да остане во Реал

353

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо побара шестгодишен договор со Реал Мадрид и зголемување на приходите на 75 милиони евра по сезона како услов за останување во клубот, објави шпанска „Кадена Копе“.

Португалецот има договор со тројниот европски шампион до 2021 година, но веднаш по победата над Ливерпул (3: 1) во финалето на Лигата на Шампионите, тој најави можност да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Доколку му се излезе во пресрет и му се исполнат барањата, годишниот приход на Роналдо ќе се зголеми за 30 милиони евра и тој ќе стане убедливо најплатен фудбалер во светот.

Во моментов прв на таа листа е Лионел Меси од Барселона, со 50 милиони евра годишна заработка.

Евентуален нов договор на шест години за 33-годишниот Роналдо најверојатно ќе значи и крај на кариерата во Реал Мадрид на возраст од 39 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...