Шекеринска: Сакаме до крајот на март да ги видиме контурите на решението

Одлуките ќе се носат во јуни и во јули, рече Шекеринска.

133

Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порача вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат – рече Шекеринска во интервју за ТВ Телма.

Таа посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на наша страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.

– Ако се сака да има договор кој ќе биде прифатен од двете држави треба прашањето да се реши на чесен и достоинствен начин. Одлуките ќе се носат во јуни и во јули. Сакаме до крајот на март да се гледаат контурите на некакво решение, но нема да дозволиме роковите да нѐ притискаат, бидејќи треба да добиеме добар договор и за Македонија и за Грција – рече Шекеринска.

Таа порача дека Македонија околу ова прашање треба да има најширок консензус и додаде дека некогаш опозицијата има конструктивни ставови за преговорите, а некогаш на виделина излегува груевизмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...