Епидемија на птичји грип во Бугарија

563

Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти дека на фарма за патки во селото Стефаново на североистокот на земјата е забележана епидемија на птичји грип.

Ројтерс јавува дека ветеринарните власти веќе почнале да ги усмртуваат патките за да не се прошири болеста и дека околу фармата е воспоставена заштитна зона со радиус од три километри.

Ова е втора епидемија на птичји грип во истото село од октомври лани, кога беа убиени 10.000 патки.

За сега не се знае за кој вид птичји грип станува збор, затоа што во Бугарија од декември лани се забележани неколку епидемии на болеста.

Во некои од случаите беше откриена исклучително патогената низа на птичји грип Х5Н8, потсетува Ројтерс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...