Четврто по ред НБА финале за Кливленд

Кливленд Кавалирс ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако ноќеска во мајсторката од финалната серија на Истокот го победи Бостон Селтикс со 87:79.

103

Кливленд Кавалирс ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако ноќеска во мајсторката од финалната серија на Истокот го победи Бостон Селтикс со 87:79.

Ова е прв триумф на гостински терен на една од екипите што играа максимални седум меча во трката прв до четири победи.

Воедно Кливленд се избори за своето четврто финале во низа во најсилната светска кошаркарска лига.

Најзаслужен за тоа е Леброн Џејмс кој седмиот дуел го заврши со 35 поени, 15 скока и девет асистенции и само едно додавање му недостасуваше за „трипл-дабл“.

Џејсон Тејтум со 24 поени и седум скокови беше најдобар играч во тимот кој го претрпе првиот пораз на свој терен оваа сезона во плејофот, но овој загубен дуел беше пресуден Селтикс да останат без можност да се борат за шампионскиот прстен.

Противник на Кливленд во големото финале ќе биде победникот од Западната конференција кој ќе биде познат по мајсторката во серијата меѓу Хјустон и актуелниот шампион Голден Стејт. Овој меч ќе почне во 3 часот по полноќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...