Вардар изгуби од ПСЖ во дуелот за 3.место во Лига на шампиони

219

Вардарци годинава завршија како четврти во елитната Лига на шампиони. На завршниот фајнал-фор во Келн, Вардар е поразен од ПСЖ со 28-29 во мечот за третото место.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Лука Циндриќ со седум голови, додека Хорхе Македа постигна шест, но средбата ја заврши предвреме поради три исклучувања.

Во финалето од 18 часот ќе се борат француските екипи, Монпелје кој во полуфиналето беше подобар од Вардар и составот на Нант за кој настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој пак е најефикасиот ракометар во историјата на завршните фајнал-фор турнири .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...