Трофејниот српски тренер Жељко Обрадовиќ синоќа со Фенербахче го загуби финалето во Евролигата од Реал Мадрид, но не беше разочаран, напротив ги пофали своите играчи.
– Оваа сезона имавме некои важни промени во тимот, тоа не беше лесно. Имаше многу работа и дојдовме до „Фајнал фор“. Се боревме до крај, имавме желба и се надевам дека ова ќе биде добро искуство за следната година. Реал заслужено победи, иако ние пропуштивме шанса да се вратиме резултатски. Имам уште две години договор со Фенербахче. Сега зборував во соблекувалната со играчите и им кажав колку сум горд на нив, додаде трофејниот тренер.
Реал синоќа во Белград во финалето на Ф4 од Евролигата го победи Фенербахче со 85:80 и по десетти пат стана европски шампион.
ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC