Дали сте и вие жртва на емоционално малтретирање?

И мажите и жените можат да бидат жртви на психолошко малтретирање но, според експертите, ваквиот вид на малтретирање може да направи голема штета за менталното здравје, особено кај жените

317

Експертката за социјални односи, Кероу А. Ламберт за Psychology Today открива што значи да се биде психолошки малтретиран и зошто овој вид на насилство никако не смее да се игнорира. Таа издвојува 6 знаци за психолошко малтретирање во кои можеби ќе се препознаете и вие.

Жртвите често не знаат дека се жртви

Ламберт предупредува дека психолошкото малтретирање заедно со насилните тактики со кои доаѓа е често тешко да се забележи.

Особено кај жените ваквиот вид на малтретирање може да остави голема  штета на менталното здравје доколку се игнорира или не се забележи на време.

Ако малтретираните личности и ги забележат сопствените промени на расположението или примери на однесување, главно нема причината за ова да го бараат во начинот на кој нивниот партнер комуницира со нив. Овие „скриени“ повреди се усмерени кон мислите, чувствата и перцепциите на жените. Кога ќе ги забележите овие знаци можете да тргнете кон тоа да се заштитите самата себе и да одберете начини за тоа, но прво и основно – морате да ги прифатите и да увидите дека сте жртва на малтретирање.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...