Скопски градинки на дански начин

Сето она што досега го читавме за градинките во Данска во кои децата се почесто надвор отколку внатре, а искуството го стекнуваат директно, во допир со природата, без оглед дали притоа се извалкале, паднале или се наводениле, го има и кај нас - во скопските градинки „Светот на Колорес“. Работат цел ден, од 7 до 22, а планираат да отворат и градинка во околината на Водно.

260

Ако некој сака детето да му биде згрижено во градинка во која поголемиот дел од активностите се одвиваат во природа, како и за време на многуте екскурзии надвор од градот во времетраење од по неколку дена, тогаш за ова не мора да оди дури во Данска. Го има и кај нас, иако, рака на срце, ова нема да го добие бесплатно, ниту пак по цени како оние во државните градинки, но оние кои можат да си дозволат, дефинитивно, тука ќе го добијат најдоброто за своите деца.

Градинките се викаат „Светот на Колорес“ и работат по светските стандарди за правилен раст и развој на децата.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...