Шкендија и официјално е нов шампион во првата македонска фудбалска лига.
Попладнево во Тетово по последниот натпревар на домашен терен го победи битолски Пелистер со 4-0 .
Фудбалерите ја прославија титулата во присуство на нивниот сопственик Дестани.
Тетовските „црвено-црни“ соборија серија на рекорди, а уште поубедлива ќе ја направат сезоната ако во среда во Струмица го освојат Купот на Македонија кога се среќаваа со Пелистер.