Луѓето од нашите краеви се хипнотизирани од сопствената историја, која ниту ја знаат ниту ја разбираат.
„Во револуциите постојат два вида луѓе: оние кои ги подигаат и оние кои имаат корист од нив“.
Наполеон, „Мемоари“
„Кога некоја револуција ќе се изјалови, се изјаловува и целото столетие, затоа што со тоа малограѓанинот добива противдокази во рацете“.
Фридрих Хебел, „Дневници“
Извадок од интервју со интелектуалецот Срѓа Поповиќ за БХ Дани од 23.02.2001.
БХ Дани: Вашата теза е дека „малите народи воопшто немаат своја историја”. Ве молам за објаснување.
Срѓа Поповиќ: Намерно тоа го реков за да предизвикам дискусија. Луѓето од нашите краеви се хипнотизирани од сопствената историја, која ниту ја знаат ниту ја разбираат. Смислата на таа забелешка беше дека малите народи во голема мера зависат од политиката и односот на големите држави. Ако сакате да го проверите ова мое тврдење, погледнете како овие наши држави настануваа историски. Тие беа формирани со падот на Австро-Унгарија, која не ја урнаа Хрватите, ниту Војводина, ниту Босна. Србија настана со падот на Отоманската империја, која, исто така, не ја сруши Србија. Југославија настан по Првата светска војна, во која победи Антантата, а не Србија. Втората Југославија беше создадена не затоа што партизаните ги поразија силите на Оската, туку затоа што ги победија Русите и Американците. Комунизмот дојде кај нас не затоа што ние сакавме, туку затоа што ни го донесоа Русите. А Русите беа во можност тоа да го сторат, бидејќи Англичани ги пуштија да нѝ го донесат. За нас други одлучуваа. Комунизмот во Југославија не падна бидејќи ние го урнавме, туку затоа што Горбачов го укина.
Според тоа, ние не бевме господари на сопствената судбина ни во клучните моменти на создавањето на сопствената историја. Ние, секако, дадовме некој мал придонес на сето тоа. Но тоа не беше каузален, нужен, туку спореден чинител. Сите наши напори вложени во управувањето со сопствената судбина се секундарни: ние сами по себе никогаш не би довеле до тие последици. Великите светски настани предизвикуваат последици и кај нас. Тоа не е ништо чудно, ниту понижувачко за нас.
Така функционира светот и тоа е смислата на меѓународната политика. Она што елудо е дека ние, Србите, кога ја учиме нашата историја имаме впечаток дека ние сме ја срушиле Отоманската империја, дека сме ја предизвикале и добиле Првата светска војна, дека сме ги победиле Германците во Втората светска војна, дека нашиот комунизмот е автохтон и дека ние сме го урнале. А ништо од тоа не е точно. Ние ја набљудуваме нашата историја изолирана од контекстот, а таа, надвор од контекстот е сосема неразбирлива. Ние самите себе не можеме да се разбереме и не можеме, дури и денес, да дејствуваме рационално во контекст на својата средина, бидејќи ние негираме дека сме дел од било каква средина. Секоја од овие новоформирани држави сака да биде суверена, на начин на којшто ниту САД не се суверени, бидејќи, се разбира, зависат и од други. Ние се однесуваме како аутистично дете: нити некој нѐ разбира, нити ние некого разбираме. Седиме во своето ќоше и се жалиме на тоа дека сите нѐ мразат. Тоа е тешка национална незрелост. Ние бараме целиот свет да се прилагоди на нас. Тоа е на работ на лудило.
Подготвил:А.Ј.