Во Италија заштитни маски се продаваат за 5.000 евра, на трговците им се заканува затвор

Финансиската полиција објави денеска дека открила луѓе кои преку интернет продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче.

2049

Финансиската полиција објави денеска дека открила луѓе кои преку интернет продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче. Покрај тоа што цените се неверојатно „надуени“, продавачите на интернет шират лаги и тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита“ од коронавирус.

Дваесет лица се обвинети за лажно рекламирање и запленети се илјадници заштитни маски за лице, прочистувачи на воздухот па дури и хартиени заштитници за тоалет школки, соопшти полицијата, а пренесува „Индекс.хр“. Лажното рекламирање се казнува со затворска казна до две години, соопштила полицијата.

По избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, луѓето во неколку делови на Италија ги разграбија заштитните маски и антибактериските гелови за раце, што предизвикува огромен скок на цените.

На прес-конференција во Рим, министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека Владата размислува да донесе мерки за намалување на цените и истакна дека на повеќето луѓе не им требаат маските.

Светската здравствена организација истакна дека маски треба да се носат само во случај на редовен контакт со заразените лица и оние кои кашлаат и киваат, пренесувам Хина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...