Прв до врв по шестти пат

Оваа година се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

184

Шестото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, Прв до врв 2018 ќе се одржи денеска на скопско Водно.

Настанот и ова година ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Оваа година се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство до сега.

Регистрираните учесници може да ги подигнат своите стартни пакети в четврток, петок и вчера на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат тоа да го сторат и денеска, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...