Македонската хималајска експедиција на денешен ден во 1989 година го освои врвот Монт Еверест со 8.848 метри височина, каде во 18 часот Димитар Илиевски-Мурато го постави македонското знаме на Сагармата (непалски „чело на небото“) или Чомолунгма (тибетански „божица мајка на земјата“) и остана во височините.
Професорот Горазд Росоклија денеска потсетува кои беа членови на експедицијата: Димитар Илиевски-Мурато, Владимир Бошковски, Страшо Лозаноски,
Јован Попоски-водач, Горазд Росоклија-заменик водач, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски, Серафим Серафимовски, Стипе Божиќ, Сашо Андоно, Димитар Тодоровски, Виктор Грошељ, Румен Ќамилов и Слободан Ѓорѓевиќ.