Делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Германија.
Делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Германија, ни потврдија претставници од Владата.
Информацијата дека Меркел доаѓа во Скопје во април, каде ќе оствари средба со македонскиот премиер, сепак не е точна.
Во јули, лани, Заев, во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Германија, кога таа изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.