Авиокомпанија уважила билет стар 19 години

87

Написот на ваучерот укажувал дека тој е валиден „засекогаш“, што се покажало како точно, кога несудениот патник отишол во компанијата и го покажал документот.

Еден човек од Северна Каролина бил пресреќен кога сфатил дека пронашол ваучер за билет стар 19 години. Џон Вокер од Гринсбороу пронашол заборавен ваучер од компанијата „Јунајтед ерлајнс“ во вредност од 378 долари, во кутија што ја чувал под креветот.

Ваучерот бил доделен во декември 1998 година, откако тој не успеал да пристигне за летот од Нешвил до Сакраменто, каде што требало да присуствува на свадбата на неговиот братучед. Вокер тогаш побарал враќање на средствата, но компанијата му пратила писмо во кое објаснила дека иако тоа не е можно, тој има право на ваучер што ќе биде во можност да се користи на некој следен лет.

Вокер подоцна се преселил со семејството, а ваучерот останал „закопан“ во кутија. Бидејќи не планирал да патува долго време, билетот го пронашол неодамна, кога ја извадил кутијата барајќи нешто друго.

Написот на ваучерот укажувал дека тој е валиден „засекогаш“, што се покажало како точно, кога несудениот патник отишол во компанијата и го покажал документот.

Иако Вокер немал законско право на тоа, бидејќи долговите на компанијата, вклучувајќи ги и ваучерите со важност „засекогаш“, биле отпишани во 2010 година кога „Јунајтед ерлајнс“ прогласи банкрот, одделот за кориснички услуги одлучил, сепак, да го признае ваучерот и да му додели замена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...