Путин доби брачна понуда: Јулија го запроси јавно ВИДЕО

Рускиот претседател се насмевнал велејќи дека станува збор за „убав предлог“.

623

Рускиот претседател Владимир Путин ја искористил посетата на Иваново за да разговара со локалните жители, а во еден момент, од толпата се издвоила жена, која му изјавила љубов.

Девојката му пристапила на Путин и, како што подоцна раскажала, успеала да му даде фотографија на која бил запишан нејзиниот телефонски број.

– Омажи се за мене!- му рекла таа на Путин.

Рускиот претседател се насмевнал велејќи дека станува збор за „убав предлог“ и ја прашал за нејзиното име, на што таа одговорила „Јулија“.

– Му дадов фотографијата, а сега ќе видиме каков ќе биде одговорот – рекла самоуверената девојка од Иваново, кој го нарекувале град на невести, па затоа добил и понуда.

– Иваново отсекогаш бил град на невести, а денес ја добив вистинската понуда. Ми се чини дека камерите беа вклучени – рекол Путин, додавајќи дека оваа храбра девојка ќе биде позната низ целата земја по нејзиниот предлог.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...