Директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Биљановска која е една од заразените со коронавирусот, а која не ги почитуваше препораките за самоизолација и доаѓала на работа, уште денеска ќе биде разрешена, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека ваква можност добил по разговор со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Министерот рече и дека истовремено ќе биде назначен вршител на должност директор поради тоа што има процеси кои треба да бидат завршени во клиниката иако е таа затворена.
Од Лекарската комора денеска изјавија дека директорката ќе добие само јавна опомена за што утре ќе одлучува етичката комисија на Комората.