Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја

50

Поради коронавирусот Словенија ги забранува слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширењето на вирусот.

Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои се карго, носат пошта или аеродромите во Словенија им се бази, за нив нема да важи забраната.

Инаку, претставници на концесионерот на аеродромот Брник крај Љубљана, соопштија дека почнуваат да ги спроведуваат наредбите на Советот за национална безбедност и со термални камери ќе се проверуваат сите патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...