Поради Ковид-19 можен е целосен колапс на авиосообраќајот

Опаѓањето на бројот на патници значи 1,32 милијарди евра изгубени проходи.Најтешко погодени во Европа се аеродромите во Италија, каде е воведена забрана за патување. Голем број земји им препорачаа на своите државјани да избегнуваат да патуваат во Италија.

321
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Според Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот регион (АЦИ Јуроп) епидемијата на коронавирусот ќе значи опаѓање на бројот на патници за 13,5 отсто во првиот квартал од годината.

Европските аеродоми очекуваат 187 милиони патници помалку годинава поради епидемијата на Ковид-19, која според нивната оценка се „претворила во шокантни размери, без преседан за таа индустрија“.

Опаѓањето на бројот на патници значи 1,32 милијарди евра изгубени проходи.

Најтешко погодени во Европа се аеродромите во Италија, каде е воведена забрана за патување. Голем број земји им препорачаа на своите државјани да избегнуваат да патуваат во Италија.

– Она кон кое во моментов се движиме е целосен колапс на воздушната поврзаност и можност за губење на поголемиот дел од нашите приходи – изјави Оливиер Јанковец, директор на АЦИ Јуроп.

Тој, исто така, ја повика италијанската Влада да им даде итна помош на италијанските аеродроми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...