Бројот на заразени од коронавирусот во Албанија се зголеми на 10 лица, потврди албанското Министерство за здравство.
– Од појавата на коронавирусот тестирани се 114 сомнителни случаи, десет се позитивни. Од нив двајца се заразиле во Италија, шест биле во контакт со болните, додека двата нови случаја немаат никаква поврзаност со веќе заразените. Едно од заразените е во болницата во Драч. Мерките што ги преземаме се задолжителен карантин – изјави заменик министерката за здравство, Мира Ракацоли.
Таа ги советуваше албанските граѓани дека најдобро е да избегнуваат непотребни движења, односно излегување од домовите, собири, кафулиња.
– Присутна е паника, но и негрижа и невнимание во однесувањето. Граѓаните треба строго да ги почитуваат и применуваат препораките за хигиена – рече таа.
Првите два случаја со Ковид-19 во Албанија беа потврдени во неделата навечер, синоќа беа потврдени четири, а исто толку и денеска