ЗНМ: Новинарите да не создаваат неоправдана паника во јавноста

90
20150330 Monday 1015 ZNM zdruzenie na novinarite na makedonija

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се придружува на повикот на Европската федерација на новинари (ЕФН) во апелот до медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за „Корона вирусот“ (COVID-19).

Оттаму велат дека новинарите и медиумите имаат одговорност да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника во јавноста.

„Тие имаат обврска да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да коментираат за ваквите чувствителни прашања. Овој период треба да се избегнува користењето на вокабулар што предизвикува страв кај граѓаните и може да создаде паника што не одговара на реалноста. Освен тоа, новинарите треба да бидат особено внимателни и за приватноста на засегнатите лица. За таа цел апелираме до јавните власти и медицинските институции да обезбедат навремени и транспарентни информации, така што новинарите и јавноста ќе имаат пристап до сите релевантни информации. ЕФН посочува дека новинарите имаат обврска да објавуваат точни податоци од официјални извори како што се оние од Светската здравствена организација и истите да бидат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите. ЗНМ им порачува на граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми“, наведено е во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...