Заев: Мицкоски се плаши да се соочи со мене исто како неговиот шеф

580

СДСМ со оваа програма ја покажува разликата од ВМРО-ДПМНЕ. Не сме и никогаш нема да бидеме исти со ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на 24 Конгрес на партијата.

– А таму се е исто, мрак манипулација, враќање назад, минато и страв. Мицкоски и натаму е извршител на Груевски, тоа е партија пред стечај која брани криминали. Тие се против ЕУ и НАТО. Тие се фабрика за лажни вести. Со своите кроминални политики крадејќи го народот го доведоа до работ на сиромаштијата. Тепаа студенти, уценуваа наставници, го бранат криминалот. За такви нема гласови, нема подршка, нема иднина, нека си седат во минатото. Друг избор за нив нема. Ние одиме напред, можеме уште подобро. Затоа самиот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април. Затоа побегна од изборно соочување со мене. Се плаши да се соочи со граѓаните, се плаши да се соочи со мене исто како неговиот шеф. Но за овој кукавички потег на мИцкоски граѓаните ќе му го дадат одговорот на 12 април. Можеш Мицкоски да бегаш од изборните листи, од соочување со мене но од правдата нема да избегаш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...