Заев: Време е за ред, дисциплина и правда ВИДЕО

100.000 работни места е првиот столб од програмата на СДСМ, грижа за сите е вториот, ред дисциплина и правда - третиот, еко држава е четвртиоти петтиот столб е  Ние сме за НАТО и ЕУ, рече Заев. 

381

Другарки и другари социјалдемократи почитувани делегати и гости добредојдовте на 24 конгрес на СДСМ, ги поздрави присутните лидерот на СДСМ Зоран Заев на конгресот на кој ќе се изберат кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори и на кој тој ја претстави програмата за како што рече идните четири години мандат.

– Добредојдовте на конгресот на партијата предводник на промените, која го унапредува политичкиот плурализам. Ги продолжуваме државнотворните политики кои водат кон развој. Две и пол години колку што ја предводиме власта направивме пресврт во државата. Ги вративме парите на граѓаните.

Има многу работа еден од сегментите е правосудството. Донесовме закон за јавното обвинителство, предметите ќе имаат завршница. Нема скриени амнестии. Некому ова не му се допаѓаше. Сега правосудството е на ред да испорача, без никакви притисоци. Ќе работиме на подршка судството да делува независно.

Нашите политики се признени и препознени затоа СДСМ секојдневно расте. Затоа денес СДСМ ја предводи најголемата, најшаренолика коалиција, која ќе победи на 12 април.

Направивме многу во изминатите две и пол години и време е да се обврземе за нови успеси. Можеме, бидејќи знаеме и умееме.

Денес ви ја претставувам нашата програма со која излегуваме на изборите Со овој документ бараме поддршка од граѓаните за да продолжиме за подобар живот на нашиот народ. Ова е програма која нуди позитивна трансформација на нашето општество по нагласен економски напредок, ред правда и дисциплина.

Градиме праведна, правична држава, членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, зелена и држава која има што да им понуди на младите.

Развиваме држава со пристојна живеачка за сите, плата од која останува и за живот, држава во која младите напредуваат.

Расчистуваме целосно со груевизмот и неговите остатоци во судството. Виновните ќе се казнуваат, гарантирам дека ќе обезбедиме правна држава.

Ние сме НАТО, ја обезбедивме иднината на нашата татковина. Не сме веќе сами. Европеизацијата ни носи ред и дисциплина. Европа ја носиме дома. Преземаме храбри чекорои за заштита на природата. Влогот во еколошката издржливост е влог во иднината. Можеме да станеме блаканска ѕвезда водилка на дигитализацијата. Време е за нова дигитална револуција. Ги праќаме шалтерите во историјата. Младите ќе го јакнат претприемачкиот дух.

Политиките што носат нови работни места остануваат наш приоритет Затоа првиот столб на нашата програма е економијата. Нема да прстанеме со заложбите за раст на платите, минимална плата од 300 евра и просечна од 600 евра до крајот на мандатот. Пензиите ќе пораснат за 21 отсто. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 до 10.000.

Ќе обезбедиме бесплатна зелена нафта за земјоделците. Ќе изградиме автопатишта, регионални и локални патишта.

СДСМ во две и пол години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани. 34.000 домаќинста ќе примат социјална помош.

Се обврзуваме да нема ниту една јавна институција без пристапна рампа, слушаш Петар. Ќе ги реконструираме сите студентски домови. Отвораме младински центри во сите 80 општини. Скопје добива нов клинички центар.

Фер и праведно општество не е можно бвез силно и независно правосудство. Време е за ред, дисциплина и правда. Детална проверка на имотна состојба на сите судии и обвинители. Ќе донесеме правда и одговорност. Посветеноста на реформите и евроинтеграцијата продолжува. Влеговме во НАТО, а можеме и во ЕУ.

Ќе отвориме 80 проценти од поглавјата во преговорите со ЕУ до крајот на мандатот. Со преговорите обезбедуваме пристап до ЕУ фондовите.

Воведуваме задолжителни часови по хигиена во основното образование, масовни акции за пошумување.

100.000 работни места е првиот столб од програмата на СДСМ, грижа за сите е вториот, ред дисциплина и правда – третиот, еко држава е четвртиоти петтиот столб е  Ние сме за НАТО и ЕУ – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...