Хари Мата Хари доживеал шок по финалната вечер на Беовизија, кога бил ограбен во својата хотелска соба.
Како што пишува српски „Ало!“, пејачот останал без часовник „ролекс“ вреден 15.000 евра.
Хари го оставил часовникот на масата во хотелската соба и отишол на настап, каде се задржал неколку минути. Кога по настапот се вратил во собата, се шокирал.
Веднаш се симнал на рецепција да го пријави исчезнувањето и да побара снимка од безбедносните камери. Персоналот му излегол во пресрет и му ги дал снимките на увид.