Филипче: Разочаран сум од некои колеги, ќе следат најостри казни за непочитување на мерките против коронавирусот

Го имаме списокот на сите лица со кои докторката контактирала, а епидемиолозите ќе решат што понатаму за лицата кои биле во контакт со неа. Ова непочитување на препораките е огромно разочарување за нас, особено кога станува збор за медицинско лице. Мора да сме одговорни и кон колективното здравје, нагласи Филипче.

4306

Против оние лица кои го загрозиле јавното здравје и кои не ги почитувале мерките, препораките и апелите ќе бидат преземени сите мерки. Мора да се почитува мерката за самоизолација, а ќе преземеме најостри мерки на казнување. Максимално сум разочаран од однесувањето на некои наши колеги, нагласи на денешната прес-конференција во Владата, министерот за здравство, Венко Филипче, откако потврди дека со коронавирус е заразена нивна колешка, директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје.

Епидемиолозите сега им влегуваат во трага на контактите на вработените и на пациентите, бидејќи пет дена докторката одела на работа по враќањето од ризичен регион од Северна Италија.

Филипче вели дека докторката, која е во стабилна здравствена состојба, сега прво ќе се лекува, а потоа ќе се размислува за санкции.

– Го имаме списокот на сите лица со кои докторката контактирала, а епидемиолозите ќе решат што понатаму за лицата кои биле во контакт со неа. Ова непочитување на препораките е огромно разочарување за нас, особено кога станува збор за медицинско лице. Мора да сме одговорни и кон колективното здравје, затоа апелите мора дa се почитуваат. Како Mинистерство сме целосно посветени на контрола и превенција од коронавирусот, тоа е приоритет, а мерките за заштита ги препорачуваме и тоа пред сите други во регионот. Не може да ги затвориме границите, тоа е невозможно и СЗО не го препорачува, а мерката самоизолација уште пред две недели ја препорачавме. Апелирам секој којшто се враќа од ризичен регион, и да нема симптоми мора да остане во автоизолација 14 дена најмалку – додаде Филипче и повторно изрази огромна благадарност до медиумите за коректното известување.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...