ЕК му порача на Ердоган да ги тргне мигрантите од грчката граница

229
Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU
Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Претседателката на  Европската комисија, Урсула фон дер Лејен пред почетокот на денешните разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Брисел изјави дека Турција мора да ги одалечи бегалците и мигрантите од грчката граница, јавија британските медиуми.

– Доколку се најде решение за оваа ситуација ќе биде олеснување за притисокот што сега е врз границата – рече Фон дер Лејен на прес-конференција во понеделникот.

Таа рече дека е потребно веднаш да се обезбеди правото на азил, поддршка и за Турција и за Грција, како и придвижување на луѓето – особено малолетни лица, заробени на грчките острови, кон континентална Европа.

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...