Засилените контроли го намалија метежот на Водно

209

Со цел да се заштити планитата Водно од загадување и да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, комуналните редари и овој викенд вршеа засилени контроли и изрекоа шест казни за паркирање во зеленило, соопшти Град Скопје.

Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористиле 1.200 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 77 возила според бројот на испратени СМС пораки. Жичницата работела со полн капацитет и превезени се околу 1.000 патници.

– Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, истакнаа од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...