Албанија ги прекинува наставата, јавните собири и летовите кон Италија до трети април, во Австрија чекаат „вистинско време“ за клуч на училиштата

Засега, како што изјави Рама, нема потреба од целосно затворање на границата, освен зголемување на мерките. Курц најави дека е можно затворање на училишта, градинки и универзитети, но, како што истакна, „во вистинско време и во вистински обем“.

677

Албанската Влада на денешната итна седница, по појавата на корона вирус во оваа земја, донесе одлука со која наставата во сите образовни институци се прекинува до 3 април.

– Во рамки на владините мерки се прекинуваат летовите кон северна Италија и други области до 3 април. Исто така се прекинува наставата во целата земја. Време е да ги затвориме сите образовни институции и одложување на сите активности, јавни расправи, собири и слично до 3 април – изјави Рама.

На итна владина седница, премиерот објави дека се издвоени дополнителни финанисски средства во износ од 400 милиони леки.

– Во оваа ситуација, како и при секоја ситуација кога општеството и државата се соочуваат со вонредна ситуација, неопходнa е воздржаноста и зачувување на смиреноста и следење на информаци од официјален извор, како и да се почитуваат препораките кои произлегуваат од потребата да се придонесува за себе и за другите. Ставивме на располагање и уште еден фонд од 400 милиони леки според барањата на Министерството за здравство – изјави Рама.

Претходно владата издвои милион амеркански долар за набавка на потребните средства за оваа цел.

Засега, како што изјави Рама, нема потреба од целосно затворање на границата, освен зголемување на мерките.

Албанија денеска ги потврди првите два случаи на инфекција со новиот коронавирус, а се работи за татко и син кои се вратиле од Италија.

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија се зголеми и денеска и достигна 112, откако вчера изнесуваше 100 лица.

Од појавата на вирусот во Австрија се тестирани вкупно 4.434 лица, и за само два дена бројот на заразени се зголеми за 30 нови случаи.

Само во Виена, бројот на заразени лица изминатиов викенд се зголеми од девет на 33, а меѓу заразените се и вработени во една детска градинка.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дополнителни мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

– Она што треба да го спречиме е брзото ширење на коронавирусот со актуелниот бран на грип, рече тој.

Курц најави дека е можно затворање на училишта, градинки и универзитети, но, како што истакна, „во вистинско време и во вистински обем“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...