Повреден возач откако со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје

343

Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладнево откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово.

– Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и излетал од автопатот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесет и седумгодишникот бил сам во возилото. Бил пренесен во тетовската болница каде му се констатирани полесни телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...