Прва двојазична прес на СДСМ и Беса: Најмногу мандати очекуваме во „шестката“

1391

СДСМ и Беса попладнево на првата прес-конференција на македонски и на албанска јазик,истакнаа дека се прават изборните листи и се разгледува потесниот круг на кандидатите кои ќе се најдат на нив.

На прес-конференцијата генералните секретари на двете партии, Љупчо Николовски и Аријанит Хоџа, рекоа дека претендираат најмногу гласови да освојат во шестата изборна единица и дека ќе се обидат да го обезбедат потребниот легитимитет на гласачите Македонци и Албанци.

Сепак, бројот на кандидати кои ќе ги добие Беса ќе се знаат по Конгресот на СДСМ в понеделник.

– Со чесна и одговорна понуда победничката коалиција на СДСМ и БЕСА претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, што е генерално мерило за легитимитетот пренесен од гласачите Албанци. Но за очекување е дека оваа коалиција ќе победи во сите останати пет изборна единица – рече Николовски, истакнувајќи дека се задоволни како досега тече соработката во оваа коалиција.

Двете партии рекоа дека гарантираат места за останатите коалициски партнери.

– Ја користам оваа прилика да ги повикаме сите, посебно Албанците заради Беса, масовно да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција. Нивниот глас ќе има двојна вредност на 12 април. Гласаат за победниците и ова е коалицијата на иднината. Во нашето коалиција нема големи и мали. Ние сме рамноправни партнери кои меѓусебно се почитуваат и си ги уважуваат разликите. Веќе нема неизвесност, веќе нема тајни. Нема ловење во матно. Поставуваме нови стандарди во политичкиот плурализам, го унапредуваме нивото на демократија во нашето општество – рече Хоџа.
.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...