Главни симптоми кои укажуваат дека можеби сте заразени со коронавирус

Новиот коронавирус е многу тешко да се разликува од останатите грипови.

6836

Со доаѓањето на коронавирусот во овој регион, многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми.

Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.

Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив.

Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.

– Поголемиот дел од денешните вируси се слични на грипот. Американците ги нарекуваат „flu like“ или пак болести слични на грипот. Сè е тоа исто па и овој коронавирус има исти симптоми – изјавил неодамна д-р Бранимир Несторовиќ за „Телеграф.рс“ и додал дека невозможно е да се разликува грипот од обичната настинка освен доколку не се направи тест.

Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.

Една жена од Кина која што се излекувала од коронавирусот истакнала дека температурата константно ѝ варирала.

Се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?

Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.

Коронавирусот некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.

Уште некои од симптомите на вирусот се:
– главоболка;
– кивавица и кашлање;
– тешкотии во дишењето;
– зголемен крвен притисок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...