Француски пратеник и вработен во собраниското бифе заразени со коронавирусот

Загриженоста во Националното собрание е голема, со оглед дека Жан-Лук Рајцер (68 години) бил во пленарната сала на Националното собрание, каде што учествувал во вторникот на сесијата на пратенички прашања.

282

Францускиот пратеник Жан-Лук Рајцер, избран за претставник на Горна Рајна (Алзас), и еден вработен во Националното собрание се заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Пратеникот е хоспитализиран на интензивна нега во Мулуз, а неговата состојба се смета за „сериозна“. Загриженоста во Националното собрание е голема, со оглед дека Жан-Лук Рајцер (68 години) бил во пленарната сала на Националното собрание, каде што учествувал во вторникот на сесијата на пратенички прашања. Притоа е отворена и внатрешна истрага за идентификување на лицата кои биле во контакт со него, како и со вработениот, кој работел во парламентарното бифе.

Според француските здравствени власти во Франција, во моментот во земјата има над 400 потврдени случаи со коронавирусот, а седум лица починале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...