Видела како ѝ истура нешто во пијалaкот: Ги заменила чашите и доживеала морничава сцена ФОТО

Неколку часа подоцна, пред да излезе од клубот, Лили го видела странецот како лежи на мокар тротоар.

1425

Британката Лили Паулес од Гримсби излегла во познат ноќен клуб со другарките, а веруваме дека ова никогаш нема да може да го заборави.

Младата девојка одлично се забавувала сè додека во еден момент не забележала дека еден непознат маж се „вртка“ околу нејзината маса, а потоа се посомневала дека нешто ѝ ставил во пијачката.

Благодарение на тоа што била многу внимателна, таа веднаш реагирала. Кога тој отишол во тоалет, ја искористила приликата за да ги замени нивните чаши.

Неколку часа подоцна, пред да излезе од клубот, Лили го видела странецот како лежи на мокар тротоар.

„Истиот човек двапати ми го зема пијалакот, па кога се врати да ми донесе нов пијалак видов дека нешто истура во чашата. Кога отиде во тоалет ги заменив чашите со пијалак, и подоцна го видов онесвестен на мокриот тротоар. Ти благодарам што го испи тоа наместо мене, кој и да си“, открила Паулес во објава на Твитер.

Иако е очигледно дека сакала да ги предупреди другите млади девојки да обрнат внимание на своите пијалаци, како и на момчињата кои им се додворуваат во ноќните клубови, Лили наишла и на лоши коментари на оваа социјална мрежа.

Некои тврделе дека „приказната е плод на нејзината фантазија“ и дека „само бара внимание на интернет“, но меѓу нив се нашле и пораки од сочувствителни луѓе кои биле ужаснати.

„Секоја чест што си забележала дека нешто не е во ред. Мислам дека никому не би паднало на памет да проверува пијалак.“

„Луѓето кои се подготвени да им подметнат опијати на другите заслужуваат така да поминат.“

„Работам како обезбедување во една дискотека и мора да признаам дека ова е нашата тажна реалност. Многупати сум видел такви сцени. Девојки, водете сметка“, се само некои од коментарите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...