Заев го осуди палењето на билбордите: Нека ценат граѓаните кој што рекламира и така нека носат одлуки

280

Во врска со кампањата и наводите за палење на билборди нарачи од ВМРО-ДПМНЕ, на кои тој е прикажан со чанта „Луј Витон“, лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ги осудува сите постапки на палење на билборди и нанесување штети на каков било приватен имот.

– Ги осудувам постапките за палење на билбордите. Нека ја гледаат луѓето грозотијата на кампањата во услови на недостиг на позитивна кампања. Луѓето гледаат, секој има право да закупи простор. Нека ценат граѓаните кој што рекламира и презентира и така нека носат одлуки – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...