Девети случај на коронавирус во Хрватска е возач кој патувал во Италија

И покрај растот на бројот на лица заразени со Ковид-19, властите се уште немаат издадено забрана за јавни собири, но има препорака до сите оние кои бил во местата каде има заразени луѓе да не доаѓаат на јавни собири. Апелите се однесуваат на оние кои престојувале во Кина, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореа, Иран како и италијанските региони Ломбардија, Венето и Пиедмонт.

118

Хрватските здравствени власти соопштија дека е потврден уште еден, девети, случај на лице заразено од коронавирус, јави дописникот на МИА.

Заразениот човек е од Вараждин, а се работи за возач кој патувал во северниот дел на Италија, пренесува Индекс.

Досега во Загреб се регистрирани три случаи на коронавирус, а најмногу се од Риека, пет.

И покрај растот на бројот на лица заразени со Ковид-19, властите се уште немаат издадено забрана за јавни собири, но има препорака до сите оние кои бил во местата каде има заразени луѓе да не доаѓаат на јавни собири.

Овие апели се однесуваат на оние кои престојувале во Кина, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореа, Иран како и италијанските региони Ломбардија, Венето и Пиедмонт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...