Меган Маркл преплавена со деловни понуди, еве кои би ги прифатила

Ако Меган добие улога во филм за суперхерои, многумина се убедени дека таа ќе заработува и многу повеќе.

2373

Меган Маркл, војвотката од Сасекс и принцот Хари ќе поднесат оставка од кралските должности на крајот на март, а се чини дека Меган веднаш започнала да прави планови за својата иднина во кои нема да биде ограничена со кралските правила и забрани. Војвотката што се омажи за принцот Хари мораше да се откаже од актерската кариера, но отфрлањето на кралските должности повторно ќе ѝ ја отвори вратата за актерскиот свет.

Менаџерот на војвотката, Ник Колинс откри дека Меган е преплавена со разни понуди за работа, а извор близок до Колинс изјави дека Колинс ѝ предложил на Меган да прифати улога во филм за суперхерои, со што таа се согласила, пишува „Дејли мејл“.

Меган претходно објави дека има намера да ѝ се врати на глумата, а сега, наводно, им наложила на своите агенти активно да ги соберат сите понуди за улоги во блокбастер филмовите каде што суперхероите се главните ликови.

– Меган е достапна и е отворена само за најдобри понуди. Таа договори бројни состаноци во Холивуд. Таа веќе еднаш го позајми својот глас за Дизни, а сега е подготвена да го стори истото, па дури и физички да се појави на екранот – рекол изворот.

„Таа е свесна дека не може да биде главна актерка затоа што луѓето нема да поминат лесно преку тоа дека таа беше војвотка, но Меган е подготвена да глуми на таков начин како да не е во центарот на вниманието“, додал тој.

Филмовите за суперхероите се огромен хит, а во нив честопати се појавуваат некои од најпознатите лица во Холивуд, како Скарлет Јохансон, која беше прогласена за најплатена актерка во 2019 година од магазинот „Форбс“. Јохансон глуми во филмот „Одмаздници“ на Марвел, а се појави и во последниот дел од сагата „Одмазници: Завршница“, за која беше платена 25 милиони фунти.

Ако Меган добие улога во филм за суперхерои, многумина се убедени дека таа ќе заработува и многу повеќе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...