Пејачката Мараја Кери со години се бореше со вишокот килограми, а сега изгледа подобро од кога и да е.
Музичката дива на сцената во Лас Вегас се појавила во тесно црно боди со длабоко деколте и покажала дека се „преполовила“ и дека фигурата ја довела до совршенство.
Мараја во последните неколку месеци успеа да ослабе 20 килограми според пишувањата на странските медиуми.
И покрај драстичното намалување на килограмите, Мараја ги сочува своите облини. Многумина коментираа како никогаш не изгледала подобро, а со комплиментите на нејзина сметка се затрупани социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин