Шарапова нема да се враќа на тенисот

94
ФОТО: EPA / NIC BOTHMA

Марија Шарапова во интервју за магазинот „Вог“ порача дека не планира да се враќа на тенисот како Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Русинката пред неколку дена објави дека се повлекува од ВТА турот по низата проблеми со повреди и откри дека нема да ја прекинува „пензијата“ како нејзините колешки од Белгија и од САД.

– Ветувам дека нема да се вратам – рече Шарапова.

Руската тенисерка освои пет гренд слем титули во кариерата и 39 на останатите ВТА турнири. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...