Мртовечки ковчег го пречека Курти пред кабинетот

1213

Припадници на подмладокот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) на доскорешниот премиер Рамуш Харадинај изведоа денеска симболична акција, поставувајќи мртовечки ковчег пред објектот на Владата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според ААК, денешната акција на нејзиниот подмладок е во знак на протест поради најавите на новиот косовски премиер Албин Курти дека ќе ја укине таксата од 100 отсто што на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ја воведе Харадинај во ноември 2018 година. Ковчегот, пак, има симболична порака за „погребување на сите принципи“ кои Курти ги имал до неодамна како опозиционер.

По налог на надлежен обвинител, по извршен увид ковчегот е отстранет, а четворица припадници на Алијансата на младите на ААК се приведени и, откако беа испитани во својство на сведоци, пуштени се на слобода.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...