„Врба“ на Милчо Манчевски премиерно на ФЕСТ во Белград

124

Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Милчо Манчевски, филмот „Врба“, вечерва ќе биде премиерно прикажан на 48. меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград.

Режисерот Милчо Манчевски пред преполната прес сала на ФЕСТ во Комбак дворана, изјави дека многу му е драго што е на ФЕСТ, бидејќи тој е дел од нашето растење и нашата филмска едукација, најавувајќи дека филмот „Врба“ задутре ќе се емитува и на фестивалот во Порто во Португалија, од каде ќе продолжи на фестивалот во Калифорнија, Софија, Истанбул, по што следат фестивалите во Москва, Шангај и Ханој, а филмот се продавал и на фестивалот Берлинаре во Берлин.

– „Врба“ го потврдува она што отсекогаш сум го мислел, а тоа е дека човечките приказни се универзални, ако се убаво раскажани и дека луѓето се насекаде исти. Значи, она што не боли и не радува, секаде не боли и не радува. Специфичностра на еден простор, дали таа ќе биде визуелна или обичајна или политичка е интересна и убава, но уметничко дело не смее да се задржи само на неа, туку мора да зборува за подлабоки универзални теми – изјави Милчо Манчевски.

На промоција на филмот на ФЕСТ во Белград дојде речиси целата актерска екипа, Сара Кимоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Ненад Нацев и други.

Како што изјави Сара Кимоска, коментарите и анализите на меѓународните фестивали и значат многу, бидејќи сето ова и ново за неа.

– Имав среќа да работам со Милчо Манчевски, бидејќи тој како режисер е многу прецизен и егзактен и дава слобода на актерите што е ретко во филмската индустрија, за разлика од театарот. Ова е моја прва голема улога на големото платно, имав сериозна трема и незнаев какви реакции ќе има кај публиката, но тие се добри, тоа е еден од најгледаните филмови кај нас, добро котира на меѓународните фестивали и се надевам дека така и ќе продолжи – изјави Сара Кимовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...