Османи контра Заев: И во Прилеп и во Велес треба да има двојазични табли

1762

Вицепремиерот Бујар Османи не се согласува со изјавата на експремиерот Зоран Заев дека двојазичните табли се поставени само во средините каде што граѓаните од албанска етничка заедница се повеќе од 20 проценти.

Според Османи, Општина Прилеп, во која припаѓа и Општина Долнени, бројката е над 20 насто, што значи таблите треба да бидат двојазични, исто како што е и Општина Велес во која со селата има бројка од 20 отсто албанско население.

– Законот е јасен и не треба да го толкуваме ние политичарите. Ајде да оставиме агенцијата и инспекторатот да го имплементираат – рече Османи.

Заев, пак, денеска на прес-конференција изјави дека двојазичната табла поставена на зградата на Јавното обвинителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета затоа што е поставена по грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.

– Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што Законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...