Први случаи на заразени со новиот коронавирус во Индонезија

300

Во Индонезија се регистрирани првите два случаи на заболени со новиот коронавирус откако две лица кои биле во контакт со заразен јапонски државјанин, биле позитивни на тест, соопшти денеска индонезискиот претседател Јоко Видодо.

Тој прецизираше дека станува збор за 64-годишна жена и нејзината 31-годишна ќерка, кои биле во контакт со јапонски државјанин кој живее во Малезија и кој бил позитивен на тестови откога се вратил во таа држава од Индонезија.

Видодо рече дека двете жени биле хоспитализирани во Инфективната болница во Џакарта.

Потврдата за првите случаи доаѓа откако властите го бранеа својот процес на скрининг од критики од медицински експерти кои се загрижени за недостиг на претпазливост и ризик од неоткриени случаи во азиската земја каде има повеќе од 260 милиони луѓе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...