Акустична гитара на „Битлси” проценета на 400.000 фунти

56

Aкустична гитара, што им припаѓала на членовите на легендарниот поп-рок бенд „Битлси” – Џон Ленон и Џорџ Харисон, е проценета на 400.000 англиски фунти на емисија на Би-Би-Си.

Сегашниот нејзин сопственик Реј работел музика за филмска компанија, чиј соосновач бил Харисон. Лично тој и го најмил…

– Отсвирив неколку ноти и тој ми рече: „Да, очигледно подобро се справуваш од мене. Подобро е ти да ја имаш, раскажа Реј во емисијата.

Познавачот на стари и вредни инструменти Џон Бадли смета дека битното тука е тоа што гитарата е снимена во рацете на Џорџ Харисон. Притоа, тој го процени антиквитетот меѓу 300.000 и 400.000 фунти.

– Мислам дека за 25 години, тоа е најскапото нешто што сум го видел – нагласи тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...