Доли Партон сака да позира на насловната на „Плејбој“ на 75 години: Градите сè уште ми се исти!

Кантри-ѕвездата, која неодамна го прослави 74-тиот роденден, во едно телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира.

320
ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Доли Партон (74) повторно сака да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“. На оние кои одлучуваат за тоа има да им порача само едно.

Кантри-ѕвездата, која неодамна го прослави 74-тиот роденден, во едно телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена, како и дека се надева дека следната година повторно ќе биде на насловна страница на познат магазин.

– Не планирам да се пензионирам. Штотуку наполнив 74 години и планирам повторно да бидам на насловната страница на магазинот „Плејбој“. Се фотографирав за „Плејбој“ пред многу години и мислам дека би било одлично тоа да го повторам. Не знам дали ќе ми успее да бидам на насловна страница на 75 години – рекла славната Доли Партон.

На прашањето дали би ја повторила оригиналната фотографија во истата облека, пејачката одговорила: „Можеби! Веројатно можам да ја искористам“, се пошегувала и додала: „Градите сè уште ми се исти.“

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...