Италијанец се вклучи во живо на Фејсбук: Заробени сме во соба, сестра ми почина пред 24 часа од коронавирусот ВИДЕО

4394

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од Италијанецот Лука Ф., кој буквално ги моли властите во Италија да му помогнат, бидејќи, како што вели, заробен е во стан со сестрата која пред 24 часа починала од коронавирусот.

Тој се снимаше во живо на Фејсбук покрај креветот на кој лежи починатата девојка.

– Живееме во близина на Неапол, затворени сме во куќа, а Тереза почина вчера – рече Лука низ солзи.

Тој објасни дека не смее да ја напушти куќата, бидејќи стравува дека и тој се заразил со коронавирусот додека ѝ давал вештачко дишење на Тереза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...