Јувентус У23 во саботата ги прекина тренинзите откако беше испоставено дека уште тројца фудбалери во италијанската лига се заразиле од коронавирусот.
Реномираниот весник „Газета“ тврди дека се заразени тројца играчи на Пјаченца, како и тренерот на овој клуб, па Јувентус, чиј подмладок неодамна играше токму против оваа екипа, ги испрати своите фудбалери дома до 8 март.
„Тренинзите на Јувентус У-23 привремено се стопирани како дел од превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Засега можеме да потврдиме дека никој од нашите играчи не е позитивен на вирусот“, наведено е во соопштението.