Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, не престанува да ја смее јавноста со неговите изјави.
Имено, по вчерашната победа на Наполи против Торино, тимот на Гатузо се искачи на шестото место на табелата, а веднаш по натпреварот, тренерот даде свое видување на работите.
– Ми се допадна како изгледаше екипата на теренот, бевме компактни. Подготвен сум да одам до крајот за моите играчи, но тие мора да тренираат како што јас ќе им кажам. Исто така, во нападот мора да бидеме убави како Бред Пит, а во одбраната да бидеме грди како мене – изјави Гатузо.
ФОТО: EPA/Daniel Dal Zennaro