Соиграчот на нашиот Горан Пандев, Едоардо Голданига, тренира одвоено од тимот на италијанскиот прволигаш Џенова поради постоње страв од актуелниот коронавирус.
Како што пишуваат италијанските медиуми, засега кај Голданига нема знаци за постоење на вирусот, но од клубот одлучиле да го изолираат од останатиот дел од тимот затоа што тој живее во Кодоњо, во општината Ломбардија каде во моментов има многу заразени од вирусот.
Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA