Денеска во 13 часот ќе има состанок Комитетот за координација на активностите за коронавирусот, заедно со припадници на МВР, на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат преместени во центрите за изолација на инфективните одделенија, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, на Вториот Форум за национално здравје.
Дополнителните резултатати за втората сомнителна пациентка ќе бидат готови за два часа, додаде Филипче.
Оваа жена била на патување во Рим, заедно со сопругот. Нејзиниот тест бил само делумно позитивен, што според Филипче, може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа, таа дополнително се тестира.
Тестирањето на коронавирус е негативно за возач на камион кој патувал преку северна Италија, а добил симптоми на грип.