Ветрот го соголи барокот на МЕПСО (ГАЛЕРИЈА)

7403

Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот „Скопје 2014“ е и небезбеден за животите на луѓето, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објавувајќи фотографии од соголената фасада од зградата на АД МЕПСО под удар на синоќешниот силен ветер.

Како што може да се види од фотографиите, ветрот урнал дел од фасадата кој паднал врз паркингот каде што имало неколку возила.

„Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014. Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите. И да!!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило“, порача денеска Шилегов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...